Србин за 150 евра превезувал Македонци во Германија
Србин кој живее во Германија си заработи притвор бидејќи пред неколку денови пред пазарот во Радовиш, со комбето на својата ќерка марка „Фолксваген“ со германски таблички, земал 10 лица државјани на Македонија со кои се договорил за паричен надоместок од 150 евра по човек да ги пренесе во Германија.
Кога пристигнал на граничниот премин Табановце, 46-годишниот Б.И. откако полициски службеник започнал да ги проверува лицата, пријавениот преку шалтерот му приложил неколку македонски патни исправи, а во една од нив полицаецот забележал една банкнота од 100 евра. Полицаецот го прашал германскиот државјанин за што стојат парите во патната исправа, а откако тој му одговорил за да се почасти кафе, сакајќи да го поткупи, бил веднаш приведен.
Со останатите лица, кои се превезувале со приведениот, извршен е службен разговор каде потврдиле дека дел од нив имале намера да одат во камп за азил а дел од нив на гости кај роднини во Германија, а потоа биле ослободени.