Средба Ахмети-Тимерманс: Холандија со безрезервна поддршка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО

Денеска лидерот на ДУИ кој е во неколкудневна посета на Холандија, се сретна со Министерот Франс Тимерманс.

Тимерманс на Ахмети му посакал топло добредојде, додека Ахмети му се заблагодари на министерот за одвоеното време и изрази голема почит кон улогата што Холандија  ја имаше во поставувањето на мирот и изградбата на демократски институции во Македонија и регионот.

Претседателот Ахмети изрази загриженост дека сите овие големи достигнувања што се постигнаа со партнерство со меѓународната заедница се загрозуваат со доцнењата за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Доцнењата може да влијаат истотака и во квалитетот и динамиката на реформите очекувани од ЕУ. Затоа, како што заеднички ги градевме мирот и стабилноста во Македонија и регионот, заеднички, со помошта на Брисел, Вашингтон и земјите членки на ЕУ, ќе треба да ја решиме сериозната пречка која што ја држи во заложништво ЕвроАтлантската иднина на Македонија. Тоа може да се постигне само преку поактивното вклучување на ЕУ и пријателските земји како Холандија.

Од своја страна, имерманс ја нагласи безрезервната поддршка на Холандија за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Тој нагласи дека ќе ги контактира неговите колеги во ЕУ и дека ќе говори за потребата да се реши овој спор на најдобар можен начин како дел од Европската агенда за проширување. Но, истовремено ја нагласи потребата за страните да изразат политичка воља за постигнување на компромис како и да се интензивираат напорите за решение.

08.10.2013 - 12:54

најчитано сега