Панчевски: Јас сум симболот со кој се разоткри криминалот во СЈО

 

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски за „Фокус“ одговори дали смета дека е соодветно решение за шеф на обвинителството за организиран криминал и висока корупција кое ќе треба да ги преземе предметите на СЈО како што вчера во интевју за Сител предложи Мицкоски.

-Видете јас сум симбол на прогонот на власта врз правосудниот систем кој го отворија како пупка, јас сум симболот со кој се разоткри криминалното работење на Катица Јанева и Ленче Ристоска уште пред две години со претресот врз мене и кражбата на клучот. Веројатно некој, но најповеќе народот го препознал тоа! – изјави Панчевски.

На прашањето зошто тогаш дел од народот го сфаќа овој предлог како несериозен, тој вели:

-Секогаш ќе има различни мислења не сме сите исти! Катица Јанева е инволвирана во ракетарски случај поврзан со милионски суми, Панчевски нема суми зад него иако медиумите под политичка палка го направија корумпиран судија, тоа се ќе исплива кога тогаш, кој за кого одработувал – додава тој.

Против Панчевски е инаку покренато обвинение за злоупотреба на АКМИС системот за распоредување на предмети кај судии во Кривичниот суд. Според обвинението Панчевски се товари дека влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2019 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега