Пендаровски ги потпиша указите за отварање на два нови гранични премиени со Грција

Стево Пендаровски, денеска ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Промахoи во Република Грција, и на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република  Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во Регионот на Преспанското Езеро.

Претседателот Пендаровски смета дека отворањето на Граничниот премин Мајден – Промахои и Граничниот премин Маркова нога – Лемос меѓу Република Македонија и Република Грција, ќе придонесе за натамошен развој на севкупните билатерални односи меѓу двете држави, ќе придонесе за развој на прекуграничната соработка и ќе ја олесни комуникацијата на населението што живее во регионот на двата гранични премини.

Претседателот Пендаровски очекува од надлежните институции да дадат максимален придонес за реализација на предвидените активности и за што поскоро отворање на двата гранични премини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2019 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега