СДСМ: Град Скопје со акција за ослободување на заробените дрва, се спроведуваат мерките за здрава животна средина и чист воздух за сите

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат  со активностите кои имаат за цел да обезбедат здрава и чиста животна средина и чист воздух за сите, велат од СДСМ преку сооптение.

Тие велат дека како дел од тие активности е и акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности што ја спроведува Град Скопје во која се вклучени општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром.

„Веќе се ослободени околу 150 садници, а претходно, тим од Шумарскиот факултет мапираше 841 заробено дрво во градот.

Како што информираше Град Скопје крајот на акцијата планирано е да се ослободат најмалку 200 дрвја, што е повеќе од 25 отсто  од вкупниот број заробени дрвја во Скопје.

Од почетокот на акцијата, до сега општина  Аеродром целосно ја изреализира акцијата односно не остана ниту едно заробено дрво , а со забрзано темпо работат и останатите општини.

Ослободувањето на  заробените израснати и квалитетни дрвја пак овозможува  нивно непречено развивање, а со тоа и течење на процес на постојано природно прочистување на воздухот како и задржување на  прашината и честичките за 30 до 40 проценти повеќе од помалите и неразвиени дрвја.

Во насока на зачувување на животната средина се и претходните мерки кои се превземаа како реконструкција и подигање на зелени површини на околу 40 илјади квадратни метри, но и мерките за чист воздух што имаат за цел надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат да работат одговорно, домаќински, отчетно и единствено во интерес на Градот и граѓаните“ се наведува во соопштеието од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2019 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега