Костадинов: Платите на вработените во градинките повисоки за 16 отсто

Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто, што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, додавајќи дека ваквото зголемување ќе опфати над 3.100 лица вработени во градинките.

„Со планираното покачување од 5 отсто во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат уште едно зголемување со што вкупното покачување на платите ќе биде 21 отсто, што е најголемо до сега“, истакна партискиот портпарол, додавајќи дека во изминатите две години владата спровела низа мерки што ја унапредуваат детската и социјалната заштита.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега