Сирија многу активно соработува за хемиското разоружување

Сирија многу активно соработува за хемиското разоружување. Меѓу другото и Москава и Вашингтон се согласни во поглед на начините на кои треба да се елиминира хемиското оружје во таа држава.

„Имаме заедничко разбирање за тоа што треба да се направи. Многу ми е драго дека претседателот Обама зазема свој став“, изјави Путин по состанок со американскиот државен секретар Џон Кери во рамки на заседанието на Азиско-пацифичката економска соработка што се одржува на Бали.

Путин наведува дека со оваа контрола на сирскиот хемиски арсенал,  Сирија ќе ја лишат од тој вид на оружје за една година.

08.10.2013 - 11:12

најчитано сега