Во септември сме живееле поскап живот

Денеска Државниот завод за статистика објави дека трошоците за живот во месец септември во однос на месец август годинава се зголемени за 0,2 проценти.

Како што информира Државниот завод за статистика,  во септември во однос на август пораст на трошоците на живот е забележан во групите „здравје“ за 6,4 проценти, „домување, вода, електрика, гас и др. горива“ за 1,2 проценти, „транспорт“ за 0,9 проценти, „рекреација и култура“ за 0,7 проценти, „алкохолни пијалаци, тутун“ и „облека и обувки“ за 0,4 проценти, „останати стоки и услуги“ за 0,3 проценти, „комуникации“ и „ресторани и хотели“ за 0,1 процент.

Од друга страна, намалување е забележано кај групите мебел, покуќнина за 0,8 проценти и храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти.

08.10.2013 - 11:11
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега