Комисијата за хартии од вредност трајно ја одзема дозволата за работа на „Мој брокер“

Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Мој брокер“ АД Скопје, по нејзино барање.

Оваа одлука ја донесе Собранието на акционери на „Мој брокер” со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност.

КХВ на последната седница донесе Решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново Статус” АД Скопје во рок од 30 дена да почне постапка преку која ќе се овозможи друштвото да прибави средства со цел во иднина самостојно и од сопствени средства да ги намирува достасаните обврски. „Иново Статус” има акумулирано значајни вкупни загуби од работењето и не остварува доволни приходи од своето оперативно работење за покривање на расходите. Со отстранување на утврдената неправилност, би се подобрила финансиската состојба на друштвото, смета Комисијата за хартии од вредност. 

08.10.2013 - 10:46
Фото: 
А1.он

најчитано сега