Владата на САД веќе седми ден е затворена

Владата во САД веќе седми ден расправа зад затворени врати за федералните трошоци. Со новата финансиска криза се очекува да се продлабочи и застојот се до средината на октомври, кога е и крајниот рок за кревање на границата на владиниот долг.

Долгот откако надмина 16,7 трилиони долари годинава лимитот на задолжување треба да биде кренат, прашање по кое републиканците и демократите во Конгресот не се согласуваат. Доколку границата на долгот не се крене до 17 октомври, државата нема да биде во состојба да одговори на своите финансиски обврски спрема доверителите, за прв пат во историјата. 

Доколку САД дојде во ваква ситуација политичките лидери и економисти предупредуваат дека на САД и светот им се закануваат сериозни последици. Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер во неделата укажа дека приближувањето на тој рок не ја омекнало републиканската позиција.

Бејнер во интервјуто дадено за АБЦ телевизија го обвини претседателот Барак Обама за одбивање на предлозите од страна на републиканците за тоа како да се намали трошењето.

За блокирањето на гласањето по буџетот во долниот дом Обама го обвини Бејнер и мал број конзервативни законодавци.

08.10.2013 - 10:38