ФОТО: Холивудската ѕвезда Николас Кејџ се наоѓа на насловна на српски учебник

Николас Кејџ  заедно со актерката Холи Хантер ја красат насловната на српскиот учебник по биологија за осмо одделение.

Како што пишува „24 sata“ дури неодамна од новинарката Наталија Милетиќ која со него правела интервју дознал дека се наоѓа на насловната страна на овој учебник.

- Не знам зошто сум на насловната страна на тој учебник по биологија, не знам ниту која е позадината на таа приказна, но фотографијата е убава. Холи и јас изгледаме добро на неа, а тука е и бебето...Слатко е – рекол Кејџ.

 

08.10.2013 - 10:22