Србија и Косово го надминаа спорот околу изборите
Србија и Косово го надминаа спорот околу престојните избори кои ќе се одржат на 3 ноември. Српските официјални претставници слободно да ја посетуваат косовската територија за време на кампањата.
Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, со посредство на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон синоќа ја постигнаа оваа спогодба.
„Тоа беше една од најуспешните рунди од преговорите“, изјави синоќа Дачиќ, по преговорите, кои се одржаa во Брисел.
Овој пристап е им биде дозволен на сите српски официјални лица во услови на почитување на сите официјални процедури и поднесување на соодветно барање до властите.
Покрај тоа на средбата беше постигнат и договор за учеството на набљудувачите од Србија во работата на косовската Изборна комисија.
Средба меѓу премиерите на Србија и на Косово беше организирана на иницијатива на Ештон.