Јовевски: Уште двајца бизнисмени пријавија рекет

 

Истрагата за случајот „Рекет“ во кој осомничени се неформалниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, нема да ја компромитира истрагата за случајот „Империја“, каде дел од осомничените се бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Ова во интервју за „А1он“ го тврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, откако Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која Јовановски и Милески се сомничат дека наводно барале рекет од бизнисменот Орце Камчев од 8 милиони евра, за со помош на јавна обвинителка, имплицирајќи на Катица Јанева, да издејствуваат ослободување на вина на Камчев за случајот „Империја“.

 На прашањето дали во канцеларијата на синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кој е вработен во правната служба во 1ТВ и му беше запленет компјутерот во интерес на истрагата, биле пронајдени и дел од аудио снимките на СЈО, Јовевски одговара:

„Не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам. Точно е дека е одземен неговиот компјутер и податоците се дадени за вештачење“.

Јовевски тврди дека уште двајца бизнисмени се јавиле во обвинителството барајќи да се вклучат во истрагата, односно да пријават дека биле рекетирани, но дека нивните изјави ќе подлежат на натамошни проверки.

Целото интервју погледнете го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега