Заев го запали Фејсбук: За грчка телевизија изјави дека сме ја присвојувале туѓата историја (видео)

Премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени, но и за присвојување на, како што вели, туѓа историја како наша.

Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите,изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега