Закана до Малала: Ќе те убиеме и ќе бидеме горди!

Средношколката Малала се бори за правото на образовние на девојчињата во Пакистан.

Малала која веќе прживеа еден напад од Талибанците, доби нова закана само затоа што сака да учи и да ги потикнува другите пакистански девојки да го сторат истото.

„Ако добиеме нова прилика, сигурно ќе ја убиеме и ќе се гордееме со тоа. Исламот забранува убивање на жени, освен оние кои ги поддржуваат неверниците против исламот“, изјавил портпаролот на Талибанците, Шахидулах Шахид.

Ова девојче е добитничка на многубројни меѓународни награди за борба за човековите права, исто така таа е номинирана и за Нобелова награда за мир.

Малала напишала книга каде  пишува за својот живот и за нападот на Талибанците,„Јас сум Малала“ која ќе биде промовирана следната недела.

08.10.2013 - 09:10