Вељаноски на Конференција на парламенти во Унгарија

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, на покана на неговиот унгарски колега, Ласло Ковер, денеска ќе учествува на Шестата конференција на претседатели на Парламенти на земјите од Западен Балкан.

Вељаноски ќе се обрати на првата сесија „Интеграција во ЕУ: резултати и аспирации“, а на втората сесија „Безбедносни јавни политики за соработка во Западен Балкан: Придонес за европската стабилност“ ќе има свое обраќање и ќе биде ко-претседавач заедно со домаќинот на конференцијата, претседателот на унгарското Собрание. 

08.10.2013 - 08:53

најчитано сега