ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов да одговори што договарал на средбите со еден од осомничените во „Рекет“
„Костадин Костадинов наместо да држи бледи прес-конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13?“ велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов.
Од ВМРО- ДПМНЕ прашуваат дали има разговарано за рекет и колкав бил рекетот изнудуван од бизнисмени?
„До вчера Костадин Костадинов исто како и неговиот шеф Зоран Заев му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува рекет.
Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа.
Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев најдобро што можат да направат е да распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи нивниот крај доаѓа.
Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, Костадин Костадинов, Зоран Заев и сите кои во моментов имаат заштита за сомнежите за криминал ќе одговараат пред законот“ се вели во реакцијата од ВМРИ- ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа