Листа од 13 најотровни намирници: Оовошја и зеленчуци кои имаат најмногу пестициди

 

Секоја година, Светската здравствена организација објавува листа од 12 најотровни производи кои се наоѓаат на полиците во продавниците, сега имаат додадено плус уште еден. Со години наназад првото место убедливо го држи јагодата, меѓутоа спанаќот ја следи во чекор. Вкупно 230 различни пестициди и нивните производи биле пронајдени во повеќе од 38.800 неоргански примероци.

Негативните здравствени ефекти може да се појават кај деца дури во самиот момент ако се изложени на овие видови на пестициди.

Проблемот е што штетата на пестицидите се третира на животни и тоа само изложеност на еден пестицид, додека во пракса ние сме изложени на милост и немилост од неколку видови пестициди.

Ова е листата на 13 највалкани и најотровни производи од пазар:

Јагоди

Спанаќ

Нектарин

Јаболка

Грозје

Праски

Цреши

Круши

Домати

Целер

Компири

Блага пиперка

А оваа година на 13-то место додадена е и лутата пиперка.

Многу од овие производи содржат на нив и по неколку видови пестициди, особено спанаќот. Комбинацијата на пестициди со здравјето на луѓето е деструктивна: рак, дефицит на вниманието, хиперактивност, труење итн., се само некои од болестите кои таквите производи ги донесуваат кај луѓето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега