Русија го забрани увозот на литванското млеко

 

Русија забрани увоз на млеко и млечни производи од Литванија, со што влезе во потенцијален трговски спор со некои членки на ЕУ. Оваа одлука е донесена во пресрет на антимонополска постапка против рускиот „Газпром“, што ја најави Брисел.

По извештајот на Агенцијата за заштита на потрошувачите во кој се изразува загриженост за квалитетот на производите од балтичките земји, руската Влада одлучи да го забрани увозот на литванското млеко и млечни производи.

Одлуката, меѓутоа, е очекувана како политички мотивирана бидејќи Москва го предупреди Вилнус дека ќе преземе мерки против Литванија затоа што како претседавач на ЕУ за целта на своето претседавање постави зближување со поранешните советски републики кои се членки на Царинскиот сојуз со Русија.

07.10.2013 - 16:17

најчитано сега