Николиќ: Да се признае Косово не е услов!

Претседателот на Србија , Томислав Николиќ во интервју за  „Јутарњи лист“ изјавува дека отпочнувањето на преговорите на Србија за членство во ЕУ не е условено со признавање на независноста на Косово.

-Европската унија има пет држави кои не го признале Косово. Тогаш една земја може да стане членка иако не ја признала незвисноста на Косово и Метохија, изјавил Николиќ за весникот.

Според претседателот , Србија била успешна во искажувањето на ставот дека самопрогласената независност на Косово не може да се признае. Но, државата може да учествува на разговори со институциите од Приштина со цел нормализирање на животот на граѓаните и создавањето демократски инситуции.

07.10.2013 - 16:11

најчитано сега