Внимавајте: се шири нов вирус поопасен од СИДА
Вирусот наречен „сексуалниот супервирус“ H041, кој всушност е отпорен вид на гонореја, прв пат се појавил 2011 во Јапонија, пренесува Здравство24
Се проширил и на Хаваите, а пријавени се и случаи во Калифорнија и Норвешка.Се пренесува преку сексуален пат.
- Овој вирус е многу поагресивен од досега познатите и многу бргу може да зарази голем број луѓе – вели д-р Алан Кристиансон за CNBC.
Од овој облик на гонореја заразениот може да падне во септички шок и да умре за неколку дена. Доктор Кристиансон предупредува дека најдобра заштита е да се практикува сигурен и безбеден секс.