Пронајден дневникот на Белата вдовица: Моите деца да продолжат да ги убиваат неверниците

Пронјаден бил дневникот на Саманта Лутвајт или на светот позната како „Белата вдовица“.  Таа  во својот дневник ја опишувала потребата за да убивање и навела дека и нејзините деца треба да го прават истото.

“Неодамна мојот сопруг разговараше со нашиот 8 годишен син и 5 годишна ќерка. Ги праша што сакаат да бидат кога ќе порснат, а тие двајцата се согласија дека би сакале да бидат муџахедини. Тогаш ги праша како планираат да го сторат тоа и која е нивната цел. Сакаше да им покаже дека не е доволно само да кажеш “сакам да бидам муџахедин“, туку и да живееш како таков. “

Белата вдовица во својот дневник пишува дека е среќна што имала сопруг кој имал иста цел како неа  - да ги тероризират неверниците,

“Барав сопруг кој се би дал за Алах и кој живее за да ги тероризира неверниците, исто како што тие не тероризираат нас. Тоа е она што го сакав и Алах ми го даде“.

 Саманта Лутвајт е сопруга на еден од напаѓачите кој на 7 јули 2005 се самоуби, таа е во бегство бидејќи е осомничена за главен виновник за нападот врз трговскиот центар во Вестгејт.

07.10.2013 - 15:29