ФОТО: Иванов се сретна со литванскиот и романскиот министер за надворешни работи

Денеска шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов се сретна со министрите за надворешни работи на Литванија и на Романија, Линас Линкевичиус и Титус Корлацеан.

Македонскиот претседател за време на средбата изразил задоволство од честите средби, соработката  и нивото на политичкиот дијалог со Литванија и Романија, а воедно биле разменети мислења за европската перспектива на Република Македонија.

Романија и Литванија од своја страна уште еднаш го потврдиле интересот за унапредување на билатералните односи и соработката со Македонија.

- Статус кво состојбата не е опција, и не носи ништо добро, напротив ги забавува сите тие процеси и ги продлабочува јазовите. Очекуваме во декември конечно да се деблокира интеграцијата на Република Македонија, бараме позитивниот пример на паралелно движење во интеграциите и надминувањето на билатералните разлики да биде применлив и за нас и очекуваме поддршка од сите пријатели во Европската унија, истакнал на средбата претседателот Иванов.

Двајцата министри ги поздравиле и напорите на земјава за членство во Европската унија, согласувајќи се дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговори. 

07.10.2013 - 15:03
Фото: 
МИА

најчитано сега