СДСМ: Мицкоски е фрустриран што Заев ги брани државните интереси

 

СДСМ денеска со соопштение за јавноста за ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски е фрустриран затоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО. Заканите од хибридни напади, лажните вести и манипулациите се само затоа нашата држава веќе годинава станува 30 земја членка на НАТО. Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат да продолжи напредокот, што стануваме членка на НАТО и напредуваме во интеграцијата во ЕУ, велат од владејачката партија.

 Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.

- Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски, велат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега