ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да одговара за скандалите и осиромашувањето на народот

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста за како што велат штетните политики на власта.

- Република Македонија 3 години е држава која е загубена во корупција, нееднаквост пред законот и расипништво. Извинувањата за злоделата на Зоран Заев не помагаат да се исчисти срамот  и конечно да се тргне напред. Заев треба да одговара за своите постапки. Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија каде и да стигне и ризикува да ги влоши односите на земјава со меѓународните партнери. Одговорност мора да има не само поради последниот меѓународен срам со кој што ја засрами и Македонија  и нашите партнери и пријатели, туку и поради низата погрешни политики и скандали кои што тој и неговите функционери ги прават во континуитет. Заев треба да понесе одговорност затоа што земјава не доби датум за преговори со Европската Унија. Македонија не доби датум заради немањето реформи од страна на власта што го потврдија и странските дипломати во земјава. Затоа Заев наместо да бара изговори и да обвинува други, треба да ја понесе одговорноста за овој неуспех, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Велат одговорност треба да има и за високата корупција, криминалот, местените тендери на функционерите од врхушката на власт, но и непотизмот кој како канцер го зафати нашето општество.

- Заев треба да одговара затоа што ја уништи македонската економија која е на дното во Европа, граѓаните стануваат посиромашни, долгот вртоглаво расте, додека бизнисите на неговата фамилија од ден во ден се повеќе се шират. Одговорност мора да има и заради шерифското однесување на државните функционери кои киднапираат и тепаат граѓани, се закануваат, купуваат нелегални супстанци и шверцаат цигари без да одговараат пред законите. Заев треба да одговара и за заробеното судство и обвинителство кои единствено служат за прогон на неговите политички неистомисленици и амнестија на своите криминали и криминалите на соработниците, велат од партијата.

Според опозицијата, Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава. Државата и граѓаните можат да имаат европска иднина и просперитет единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат од власт и ќе се вратат правото и правдата во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега