Оваа година мирно за Велигден на Токсикологија
Годинава за разлика од претходните години Велигден помина мирно на клиниката за Токсикологија во Скопје, јавува Здравство24.
За време на велигденските празници немало ниту прејадени граѓани со мрсна храна ниту некој претерал со јадењето велигденски јајца. Во текот на ноќта имало тројца пациенти кои претерале со алкохолот, а сите биле млади, вели директорот на клиниката, д-р Андон Чибишев за Здравство24.
-И оваа бројка од три алкохолни труења не е голема за празничен ден. По толку пациенти имаме и за време на обичен викенд, вели д-р Чибишев.
Извор: Здравство24
ФОТО:Утрински