Груевски: СДСМ не сака да се прочисти избирачкиот список - им треба алиби за пораз

СДСМ си создава алиби за слабите изборни резултати на следните избори. Премиерот Груевски денеска со став, Претседателот на ДИК, 6 месеци намерно избегнува прочистување на избирачкиот список.  Премиерот рече дека се работи за бојкот од страна на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

-Досега ДИК требаше три пати да го прочисти избирачкиот списог, меѓутоа намерно го избегнува тоа со цел да и послужи како алиби за слабите изборни резултати на СДСМ, истакна премиерот.

Груевски апелираше до претседателот на СДСМ, Зоран Заев и до претседателот на ДИК, Кондарко, веднаш да започнат со прочистување на изборниот список, бидејќи Комисијата е надлежна за тоа.

07.10.2013 - 14:18