ВМРО- ДПМНЕ: Шилегов откако е градоначалник, за Град Скопје ништо не стори

Зборот за СДСМ не важи, туку секој збор на СДСМ е лага, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое велат дека Скопје се реконструира.

Од партијата на ВМРО- ДПМНЕ нагласуваат дека Шилегов откако е градоначалник, за Град Скопје ништо не стори.

„Шилегов наместо да работи суштински проекти за граѓаните, тој за проекти ги смета качување на маси по кафеани, ангажирање на  ди-џеи, поместување на автобуска, трчање и мавтање по возила пред молови. Сепак тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет.

Шилегов подеднакво неспособен како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од далеку, позади себе нема ниту еден сериозен проект.

Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега