Груевски: Сите 1.600 социјално загрозени лица се вработени според критериумите

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, изјави дека  вработувањата на 1.600 лица од социјално загрозените категории се вршело според критериуми.

-Системот нема никаква врска со лотарија. За избор на овие 1.600 лица беше креиран компјутерски софтвер кој ги извади резултатите во зависност од критериумите, изјави Груевски, пренесе Курир.

Во однос на информациите дека изборот бил наместен, премиерот изјави дека предвидена е можност за жалба. Сите незадоволни лица можат да упатат жалба до Управниот суд.

07.10.2013 - 14:01

најчитано сега