Маж од Волково остана без златен накит вреден 300.000 денари

Вчера во периодот од 11 до 7 часот и 45 минути била ограбена куќа во скопското село Волково.

Се работи за куќата на 63-годишниот  Ж.Ј. од Волково каде непознат сторител влегол и откако извршил пребарување по собите,одзел разновиден златен накит.

Така крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. 

Полицијата работи на расветлување на кражбата.

најчитано сега