Заев се правите при очи слеп, a при уши глув. Бидејќи велите дека првин сакате да ги слушнете снимките, па да побарате оставка од Рашковски, ќе го емитуваме аудио материјалот кој излезе во медиумите, а кој индицира на криминал тежок 7 милиони евра, истакнува Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш.    Аудио материјалот, кој беше објавен во медиумите, ќе биде проследен до сите медиуми по оваа прес конференција, за да може господинот Заев да го слушне. Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето  на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека  авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев. Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, како и чувствителноста на истиот сметаме дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.Индициите се дека Рашковски извршил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 со што му се заканува казна затвор од над 5 години затвор. Дополнително повеќе треба да се реагира, ако се земат во предвид обвинувањата на Ваљон Беља, економски директор на Клиничкиот центар во Скопје, кој кажа дека Рашковски е вмешан и со земање мито од тендери во здравството, вели Василевска.

Таа прашува: Дали Рашковски е главниот собирач на рекет и мито за Зоран Заев, дали ја имаме новата парола на Заев – „едно евро за Вицето, едно евро за Рашко“?

-Одговори мора да има. Одговорност уште повеќе. Република Македонија е заробена држава. Македонскиот народ бара правда. Македонскиот народ има потреба од правна држава и институционализирање на сите случаи за кои што постојат индиции за сторено прекршување во рамките на Уставот и законите, порачува таа.