Британски актер е татко на децата на Мајкл Џексон?
Актерот Марк Лестер од Велика Британија вели дека верува оти тој е биолошки татко на децата на покојниот Мајкл Џексон.
Актерот е спремен да направи и ДНК анализа за да го докаже тоа.
Наведува дека Џексон го замолил да донира сперма година дена пред да се родат децата, за кои Лестер вели дека личат на неговите четири деца.