Судар на два брода во Холандија - три лица се водат за исчезнати

При судар со рибарски брод во близна на брегот на Холандија потонал брод во кој имало тројца морнари кои се водат за исчезнати.

Рибарскиот брод „Тексел 68“ и бродот „Марија“, кои требало да помогнат во работата на нафтена платформа која се наоѓа на 40 километри југозападно од холандското пристаниште Ден Хелдер, се судриле околу 1:30 часот по полноќ , при што „Марија“ потонал. 

Веднаш простигнале бродови од холандската и белгиската крајбрежна стража и успеале да спасат двајца од екипажот на бродот „Марија“.

Од крајбрежната стража не ја исклучуваат можноста тројцата исчезнати да биле повлечени под водата од потонатиот брод.

07.10.2013 - 13:32

најчитано сега