Министерот Попоски се сретна со почесните конзули на Македонија во странство

Денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски оствари средба со почесните конзули на Македонија во странство кои од вчера престојуваат во земјава.

На состанокот како главна цел било посочено да се подобри можноста за поефикасна промоција на Македонија, да се стимулира системски пристап односно начин тие редовно да добиваат информации за можностите во земјава во делот на бизнис контактите и инвестициите, но и да се следат остварувањата и да се постават одредени цели во сите земји каде што се наоѓаат.

- Не во секоја земја истиот тип информации и активности се релевантни. Надвор од брошурата, која ќе им биде на некој начин прирачник за дејствување, е да идентификуваме каде има зголемен потенцијал за привлекување туристи, онаму каде што има простор за привлекување инвеститори, да се посветиме на можностите што ги имаме, а каде што сметаме дека можностите за извоз се клучна предност, тоа треба да се  стори, но и да ги искористиме во земјите членки на ЕУ и на НАТО да добијат подобра слика за сите процеси кои се одвиваат кај нас и кои се клучните аргументи што можат да ги користат во нивните разговори со политички претставници во земјата на прием, изјави Попоски.

Поповски истакнува дека Макдонија има конзули кои навистина имаат многу придонесено за поголема афирмација на земјава.

- Се обидовме да ги анимираме сите оние каде што немаме дипломатско присуство, иако ништо не може да замени ДКП, но во делот на промоцијата и бизнис релациите, почесен конзул може да заврши многу корисна работа, рече шефот на дипломатијата.

Од своја страна, конзулот Јордан Худа Нафар истакна дека во Јордан може да се промовира Македонија на полето на туризмот, економијата, слободната трговија и повеќе други полиња. 

07.10.2013 - 13:30
Фото: 
Влада