Конзервната индустрија бара слободен увоз на суровина преку целата година

Денеска на прес-конференција во Стопанската комора, компаниите од конзервната индустрија побараа увоз на суровини без царина во текот на целата година.

- Суровината е проблем подолго време. Царината за увоз на домат и пипер е 45 проценти, а на оваа сума се плаќаат дополнителни 0,12 евра за килограм прелевмани што е неисплатливо за нашите фирми, истакна Васко Ристовски од Комората.

Инаку, во македонската конзервна индустрија работат преку 40 компании со околу 1.200 вработени. Од нив 22 преработуваат само зеленчук, четири овошје, а 17 имаат комбинирани линии. Во текот на оваа година се извезени 15.100 тони преработки што е 10,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

 

07.10.2013 - 12:27
Фото: 
Телма

најчитано сега