Трагедија во Скопје: Мртов маж најден во стан во Аеродром
Во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на булеварот „АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат маж.
Се работи за 38-годишниот Н.Ѓ. кај кој лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција
02.07.2019 - 14:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа