ВМРО-ДПМНЕ: Заев секое четиричлено семејство го задолжи нови 20 евра

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста:

- Секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра. Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%. Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти. Нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%. Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на  Буџетот, велат од ВМРО.

 

Заев мора најитно да одговори:

1. Каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт?

2. Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време?

3. Кој  е ефектот кој државата го има од тоа задолжување? и

4. Дали од потрошените пари државата има додадена вредност?

Бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност. Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата, додаваат од апртијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега