Обид за кражба на пумпите на фонатаната пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Непознати лица се обиделе да украдат елементи од фонтаната кај штабот на ВМРО ДПМНЕ, објави Сител.
Тие влегле под церадата, ги демантирале прскалките, рефлекторите и други составни делови ги собрале во кутија, но не стигнале да ги украдат.
Ова го пријавиле утрово работници од фирмаа Хидротек која е задолжена за оддржување на градските фонтани. Кога пристигнале кај фонтанта за да ја пуштат во употреба ги дочекала сликата со спакувани елементи во кутија и црна торбица. Веднаш пријавиле во полиција.
Од МВР велат не е ништо украдено. Во 11-30 минути е пријавено дека додека вршеле проверка на фонтаната забележале дека се демонтирани прскалките во фонтаната кои подоцна гипронашле во торба под церадата која ја штити фонтаната во зима.
Извори за Сител велат дека овие делови чинат неколку илјади евра, но не им е јасно како сторителите успеале да влезат под церадата и сето ова да го демонтираат.
Ова не е прв случај. Директорот на Водовод Скопје пред извесно време рече дека доцнеле со пуштање на фонтаните бидејќи се соочиле со дефекти поради кражба.
Од фонтаната Воин на коњ биле украдени елементи вредни неколку десетици илјади евра. Од МВР нема детали за тој случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа