ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски да се приведе зошто постои опасност да избега

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција за Драги Рашковски, побараа притвор за да не избега за криминалот за кој го обвинуваат.

- Јавното обвинителство под контрола на Зоран  Заев  трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите излезени во јавноста за 7 милионскиот  криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање. Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра,  иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети.Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Јавното обвинителство треба да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и да поведе постапка за расчистување на овој случај во кој постојат сериозни индиции дека е оштетен Буџетот на Република Македонија, велат ВМРО-ДПМНЕ.

          Со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш и неодложно да побара определување на мерка притвор за Драги Рашковски и другите вмешани со цел непречено одвивање на истрагата.

        -  Јавното обвинителство треба да побара притвор затоа што постојат сериозни можности Рашковски   од позицијата на Генерален секретар на Владата да влијае врз текот на постапката, сведоците, вештаците, соучесниците и прикривачите. Имајќи во предвид  дека се работи за државен функционер од висок ранг , кој има сериозен број на контакти во земјава и странство  можно е и бегство на истиот. Дополнително Јавното обвинителство треба да побара мерка притвор затоа што постојат оправдани сомнежи дека Рашковски може да го продолжи кривичното дело и да стори ново дело, особено ако се земат во предвид обвинувањата на поранешниот директор на Клинички центар Скопје, Ваљон Беља кој тврди дека Рашковски бил вмешан и во местење тендери и земање провизии и од тендери во министерството за здравство, додаваат од партијата.

          ВМРО велат очигледно е дека случајот  Рашковски добива нови и досега невидени размери. Токму затоа Јавното обвинителство треба веднаш да се позанимава со овој функционер, десна рака на Заев и да ги истражи како овие, така и други случаи во кои е вмешан Рашковски. ВМРО-ДПМНЕ   му ги поднесе денес материјал на Републичкиот Јавен обвинител, и доколку тој не ги има видено од медиумите, може да биде запознаен со случајот  денес.

       -   Доколку Јавното обвинителство сепак подлегне под притисокот на Заев и не отвори случаи, истите ќе бидат процесуирани по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога ќе има одговорност како за сторителите, така и за прикривачите низ институциите, завршуваат од таму.

ВМРО и вчера го обвинија Рашковски, а тој на Фејсбук најави прес-конференција за во вторник.

- ВМРО ДПМНЕ најверојатно не може да сфати дека не се тие кои ја определуваат динамиката на нашето дејствување. Кога веќе покажаа дека не разбираат англиски и не знаат што значи Letter of award, нека читаат дека уште завчера на македонски јазик е напишано дека во вторник ќе има прес конференција на оваа тема, напиша Рашковски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега