МЗ: Државните специјализации се наменети за доктори вработени во јавните здравствени установи

Денеска Министерството за здравство со соопштение до медиумите нагласува дека државните специјализации се наменети за доктори кои се вработени во јавните здравствени установи, кои и понатаму себе си се гледаат во  јавното здравство.

Министерството за здравство во соопштението наведува дека како и секој друг претприемач инвестира во човечкиот капитал, односно во докторите на медицина и во нивната континуирана надградба.

- Согласно одредбите на Законот за здравствена заштита, како форма на обезбедување, препорачуваме единствено меница без жиранти. Ваквата меница чини приближно 500 денари и не претставува никаков посебен трошок во моментот на потпишување на договорот.  Исто така, во моментот на потпишување на меницата не е потребно да се обезбеди движен или недвижен имот во висина на десеткратен износ на цената на специјализацијата. Одлучно препорачуваме да не се бара депозит или хипотека како обезбедување, ниту пак, меница во форма на нотарски акт, бидејќи овие инструменти за обезбедување носат дополнителен трошок за докторите, стои во соопштението на Министерството.

Според министерството на овој начин ќе се се гарантира дека  македонските граѓани во иднина ќе можат да добијат високостручна медицинска услуга во јавните здравствени установи.

- Имајќи предвид дека во изминативе две години се реализираа над 600 нови вработувања, станува јасна и недвосмислена заложбата на Министерството. Исто така, специјализациите се доделуваат согласно потребите на јавната здравствена установа, а не по желбите на поединците. Министерството за здравство, заедно со менаџерите на јавните здравствени установи имаат направено сериозни согледувања на овој проблем и при доделувањето на специјализациите се гледа прво и единствено на одржливоста и потребите на установата, кои се димензионираат по потребите на населението за чие подрачје е основана. Главна определба за градење „пациент-центричен“ здравствен систем е планското пристапување кон прашањето за специјализациите во јавното здравство, кое претставува еден од клучните елементи, наведува во соопштението Министерството за здравство. 

 

07.10.2013 - 11:46
Фото: 
Вис.мк

најчитано сега