СДСМ: 50 милиони евра ќе завршат кај граѓаните
СДСМ со соопштение до јавноста за повратот на ДДВ.
- Една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ со која се враќаат парите кај граѓаните, започнува со реализација . Фискалните сметки во рака, за поврат на 15% од ДДВ. Преку проектот „Мој ДДВ“ вкупно околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината. Повратот на ДДВ од 15 отсто значи доход плус во семејниот буџет, велат од СДСМ.
Едноставноста на постапката при користење на оваа мерка ја прави широко достапна. При тоа, секоја фискална сметка преку купување или користење на услуга граѓаните ја скенираат преку мобилниот телефон и ја испраќаат преку соодветна апликација направена за таа намена.
- По низата мерки преку кои граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поголем економски раст, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните и повисок животен стандард, додаваат СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа