Кастратовиќ сменет - РК Вардар во потрага по нов тренер

Зоран Кастратовиќ веќе не е тренер на Вардар. Инофрмацијата утрово на прес конференција ја потврди сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Тој не сакаше да коментира од кои причини ја прекинал соработката со Кастратовиќ.
„Сакам да ве информирам дека денеска ја прекинавме соработката со Кастратовиќ. Немам повеќе коментари за вас“ - рече сопственикот на македонскиот ракометен шампион. 
Вардар на следните 2 меча најверојатно ќе игра под палката на досегашниот помошник, Андон Бошковски

07.10.2013 - 11:46