ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ граѓаните едвај сврзуваат крај со крај
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштенеи до јавноста.
- Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај. Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%, велат од таму.
Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата.
- Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво. Време е оваа криминална власт да си замине што поскоро. Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега, велат ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа