СДСМ: Секој кој го прекршил законот ќе одговара

 

СДСМ денеска преку соопштение информираат дека секој кој го прекршил законот ќе одговара.

- Нервозата на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е голема затоа што не можат да го одбранат криминалот на режимот. Мицкоски се плаши од правдата. Особено имајќи предвид дека осомничениот Димитар Димовски е дел и од заедничката фирма токму со Мицкоски, која добива државно земјиште за бизнис со хидроцентрали од владата на Груевки. Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сите што прекршиле закон мора да понесат одговорност, пред надлежните правосудни органи. Времето кога судството и обвинителството беа партиски органи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, велат од СДСМ:

Додаваат дека законите важат за сите подеднакво, секој што прекршил закон мора да одговара.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега