Ограбен манастирот „Св.Богородица“ во Штип

 

Во текот на вчерашниот ден 74-годишниот Д.Л. од Штип пријавил дека Манастирот „Св.Богородица“ лоциран во селото Пиперово во Штип бил мета на крадци.

Непознат сторител насилно ја отворил вратата од црковниот објект, влегол и одзел 500 денари како и две бакарни котлиња од 70 литри од кујната на манастирот.

Полицијата трага по сторителот.

07.10.2013 - 11:30
Фото: 
Денешен

најчитано сега