СДСМ: Мицкоски се плаши од правда
СДСМ денеска со соопштение до јавноста за политиките на опозицијата.
- Нервозата на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е голема затоа што не можат да го одбранат криминалот на режимот. Мицкоски се плаши од правдата. Особено имајќи предвид дека осомничениот Димитар Димовски е дел и од заедничката фирма токму со Мицкоски, која добива државно земјиште за бизнис со хидроцентрали од владата на Груевки, велат од владејачката партија.
СДСМ велат колку и тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сите што прекршиле закон мора да понесат одговорност, пред надлежните правосудни органи.
- Времето кога судството и обвинителството беа партиски органи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Законите важат за сите подеднакво, секој што прекршил закон мора да одговара, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа