ВМРО- ДПМНЕ: Криминалец од премиер Заев ги товари со измислени обвиненија Јанушев и Димовски за да ги сокрие вистинските скандали

 

„Клеветничкото обвинителство на деспотот и криминалец од премиер Заев го товари со измислени обвиненија Генералниот секретар Јанушев, и членот на Извршниот комитет Димитар Димовски, за да после партијата на криминалецот Заев реди етикети, осудува без докази, и оттргнува внимание од вистинските скандали“ велат од ВМРО- ДПМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека Македонија е држава каде премиерот е аболиран криминалец а тие што говорат за криминал на власта се теретат со обвиненија, земја каде градоначалникот пулен на власта е на слобода а тие што зборат за неговото однесување се малтретираат од обвинителството по нарачка на Заев. 

„СДСМ криминална е срам за било која правна држава а не репер кој треба да се следи. Тоа е партија каде разно разни Кики, Коки и Фрики собираат рекет во име на власта и поминуваат неказнето затоа што за прв човек имаат аболициран криминалец“ велат од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2019 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега