"Ликвидација" пред самиот крај - завршни зборови во судењето на новинарот Кежаровски

Случајот "Ликвидација" е пред самиот крај. Денеска во Основниот суд Скопје 1 јавното обвинителство и обвинетите треба да ги дадат завршните зборови.

Како што пренесува Канал 5, на претходното рочиште со исказите на тројца сведоци на одбраната, по само два месеци, финишираше доказната постапка.

Инаку, вослучајот Ликвидација во кој е обвинет и новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, на кој неколку пати му бесе продолжен притворот, осум лица се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службената положба, неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и соработниците на правдата, противзаконито посредување и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.

За потсетување, обвинетите беа уапсени на 28 мај оваа година.

07.10.2013 - 11:14
Фото: 
Сител

најчитано сега