Уште една македонска црква мета на крадци

Крадците дефинитивно не запираат. Овојпат мета била уште една македонска црква. Се работи за црквата „Св.Илија“ во Пепелиште која била ограбена пред неколку денови во период околу 17 часот.

Засега непознат сторител влегол во црквата и одзел околу 2.000 денари по што избегал од местото на настанот.

Случајот во полиција го пријавил домаќинот на црквата, 59-годишниот М.Д.

Полицијата трага по сторителите.

 

07.10.2013 - 11:00

најчитано сега