Забрзано се топи рејтингот на власта - пола Македонија не ја одобрува работата на Владата
Забрзано се топи рејтингот на власта кај граѓаните, покажуваат последните анкети објавени деновиве.
Пред неколку дена, Институтот за политички истражувања Скопје излезе со анкета во која за прв пат по подолг период, опозицијата има повисок рејтинг од власта меѓу граѓаните. Според анкетата доколку утре се одржат избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,2% додека за СДСМ 19,5%.
Релативно добрите бројки за власта се должат на се уште квалитетната поддршка која СДСМ ја ужива кај албанскиот електорат. Според истата анкета, 9,8% од анкетираните етнички Албанци би гласале за СДСМ додека само 0,8% за ВМРО-ДПМНЕ.
Кај етничките Македонци сликата е сосема поинаква. Безмалку секој трет граѓанин или 27,8% од анкетираните етнички Македонци би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 22,6% за СДСМ.
Дека рејтингот на власта е во слободен пад покажа и анкетата на М-Проспект објавена вчера.
На неа може да се види дека над половина граѓани на Македонија (51.2%) не ја одобруваат работата на Владата општо.
Споредено со анкетата направена минатата година во истиот период недовербата во Владата речи си двојно се зголемила. Имено истата агенција во претходната анкета направена лани измерила дека нешто над 30% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата.
Премиерот Заев веќе најави дека Македонија нема да оди на предвремени избори оваа година што ги прави извесни редовните парламентарни избори кои треба да се одржат идната зима.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа